fbpx
Бесплатна достава на нарачки за Скопје над 1600 денари (Центар, Карпош, Аеродром, К. Вода) и бесплатна достава на нарачки над 4300 денари низ Македонија.

НАЈПОЗНАТИ ВИДОВИ ЦРВЕНО ВИНО

Црвеното вино спаѓа во сортата вина направени од темно грозје. Неговата боја може да варира од виолетова – типична за младите вина, црвена за зрели вина и темно црвена кон кафена за стари вина. За виното со сигурност е точно тоа дека колку е постаро толку е повкусно и повеќе вреди.

 Одлично место за почеток е само да идентификувате кои вина ги сакате. Ако уживате во чаша црвено, но ви треба помош за да откриете кој е, еве неколку од главните типови што ќе ги гледате одново и одново. Дознајте каков вкус имаат и со која храна треба да ги вкусите.

Vranec/ ВРАНЕЦ

Вранец — автохтон вид на грозје кое се одгледува во Македонија, Црна Гора, Херцеговина и Србија.

Се смета за најзначаен вид во Црна Гора и еден од најзначајните во Македонија, а го има доста и во Србија. Во Македонија вранецот е застапен со 50% во производството на црни вински грозја.

Зборот вранец означува црн пастув, затоа вината од оваа сорта грозје асоцираат на сила и моќ. Вран исто така значи нешто што има сјајна црна боја.

Од оваа сорта на грозје се произведуваат суви вина со единствен вкус и карактер кои се синоним за Балканот. Вранецот се смета за типично рурално робусно агресивно вино, без аспирации за лажна префинетост, полно со карактер и пркос. Со еден збор вранецот со своите вински карактеристики ги отсликува културно-антрополошките црти на балканските народи. Вранецот има карактеристична пурпурна боја која може да биде и темноцрвена во зависност од зрелоста. Темните нијанси на виното се длабоко изразени така што најчесто ја обојува чашата и усните на консументот. Не можете лесно да се „ослободите“ од него. Ретко на кои производители им успева да го стабилизираат и исфилтрираат ова вино за да добие проѕирна нијанса. Вранецот ослободува ароми на кисело зрнесто овошје, пред сè рибизла, боровинка и капина, но кај барикираните примероци се јавува и мирис на дрво и презреани вишни. Вкусот е исполнет со истото зрнесто кисело овошје, со многу високи агресивни танини, посебно кај младите примероци. Кај некои зрели и мудрo барикирани примероци, танините се подискретни и посмирени. Телото на виното е средно до екстремно полно во зависност од зрелоста, а послевкусот е долготраен посебно кај постарите примероци.

Вранецот исклучително добро го поднесува стареењето во дабови бочви и во шишиња, што често е неопходно за да се скроти неговиот снажен спој на танини и киселини. Благодарение на својата хармонична природа добро се комбинира со други сорти на грозје како што се каберне совињон и мерло.

Вранецот исклучително добро се слага со димено, конзервирано и месо на скара, дивеч, со салати и стари сирења со снажни вкусови.

Cabernet Sauvignon / Каберне Совињон

 Најзасаденото грозје во светот е каберне совињон. Грозјето за негова подготовка расте на сите типични места за одгледување темно грозје, како Франција и Австралија, но го има и во Македонија во Тиквешката винска област. Во неговиот вкус се чувствуваат тонови на ванила.

Пијте со:  ребро , јагнешко месо, најприкладно е да се консумира со црвено месо

Merlot / Мерло

Мерло е второто најзасадено грозје и е одлична влезна точка за некој што се обидува да влезе во црвено вино. Виното е навистина „лесно“ за пиење, што значи дека е овошно и вкусно и нема да ви ја набие устата со танини.

Пијте со: живина, како патка или пилешко.

 Syrah / Шираз

Најпознати места каде се одгледува лозјето за производство на ова вино се: Калифорнија, Австралија и познатата винска долина на Рона во Јужна Франција. Во Македонија застепено е во Тиквешкиот вински регион. Виното има вкус на црни плодови како црна рибизла, а неговиот прекрасен вкус не е само поради овошјето од кое се прави, туку многу придонесуваат и дабовите буриња каде се чува. Ова вино најдобро оди со пилешко, телешко, дивеч и разни видови чорби.                          

 Sangiovese / Санџовезе

Оригинално потекнува од Италија и е одличен избор на вино за со италијанска храна или со која било друга медитеранска кујна. Додека го консумирате можете да го почувствувате вкусот на слива и зрнести овошни плодови.

Напишете коментар

Кошничка

Најави се

Создади сметка
Назад на врвот