ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Веб сајтот за online продажба на вино и алкохолни пијалоци ВИНО МАРКЕТ е во сопственост на Друштво за трговија и услуги МОНДАВИ ДООЕЛ СКОПЈЕ.

Заштитата и сигурноста на податоците на корисниците на онлајн купување на веб  сајтот на www.vinomarket.mk  се една од приоритетните задачи на нашата компанија. Мондави Дооел, посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси.

Мондави ги презема сите неопходни технички мерки за да ја осигура приватноста и безбедноста на лични податоци собрани преку нашата веб-страна www.vinomarket.mk. Податоците кои се собираат не се споделуваат со никого. Податоците ќе бидат трајно зачувани во безбедниот систем на веб сајтот ВИНО МАРКЕТ или доколку корисникот на услугата нема поднесено барање за бришење на лични податоци и откажување од on line продавницата.

Кои податоци како ги собираме и користиме?

Ние ги собираме вашите лични податоци за да ви помогнеме и да ви обезбедиме подобри услуги. Личните податоци што ги собираме овозможуваат ВИНО МАРКЕТ да ве исконтактира, успешно ви ги достави производите од вашето интернет купување, како и успешно реализирање на наплатата во врска со ова купување.

Сите лични податоци кои ги собираме, ги чуваме и користиме се во согласност со одредбите од Законот за Заштита од лични податоци.

Личните податоци ги собираме исклучиво за реализација на интернет нарачката. Податоци кои ги собираме се:

Основни податоци за остварување на нарачката:

–        Име и презиме

–        Адреса за достава

–        Електронска адреса

–        Контакт телефонски број

Овие податоци се користат исклучиво за овозможување на интернет купувањето и не се споделуваат со трети лица. Мондави на страницата ВИНО МАРКЕТ сите лични податоци од купувачите ги чува во безбедносни зони. За приватност и безбедност во нашата политика, личните податоци се дефинираат како информации што лично ве идентификуваат или се користат за комуникација и овозможување на вашето интернет купување.

Вашите лични податоци ќе бидат собрани само со ваша дозвола (преку регистрација на нашиот портал за интернет купување www.vinomarket.mk .

(Во врска со вашите лични податоци од финансиска природа, ве известиваме дека не собираме никакви податоци кои содржат број на картичка и/или број на банкарска сметка. Овие податоци се чуваат и користат исклучиво од страна на Халк Банка. При плаќање со платежна картичка, наплатата се врши преку порталот за наплата на Халк Банка. Бројот на вашата картичка се испраќа преку сигурносна конекција до Халк Банка, а по завршување на процесот на трансакција се брише. Ние како компанија Мондави не доаѓаме во контакт со вашата платежна картичка).

Како ги користиме податоците што ги собираме?

Сите погоре наведени информации собрани од вас ќе бидат користени исклучиво за целите на интернет продажба.

Може да ви биде понудена опцијата да бидат користени вашите податоци за други активности или услуги различни од активноста или услугата што ја регистрирате на нашата веб-страница или апликација кога ќе се регистрирате.

Вашите лични податоци:

  • Ќе бидат користени за полесно користење на нашата интернет продавница и апликација,
  • За промовирање на нашите производи и услуги,
  • Да ги запознаеме нашите купувачи и да ја подобриме нашата комуникација,
  • Да им обезбедиме општи и посебни кампањи / предности на нашите купувачи,
  • За директен маркетинг и рекламни активности,
  • Податоците ги користиме за анализа на податоци, истражувања, истражувања и други практики / информации за задоволството на клиентите во согласност со целта и законите.

Вашите податоци ги собираме за да можеме да комуницираме подобро, да го обезбедиме задоволството кое го очекувате од нас и да бидеме поблиску до вас.

Како се врши плаќањето? 

При секое пазарување преку интернет продавницата ВИНО МАРКЕТ, се внесуваат податоци за платежната картичка која ја користите. Тие податоци не се зачувуваат на нашите сервери. Секоја трансакција е обработена преку системот на Халк Банка кој користи најнова технологија за заштита на вашите лични податоци. Во моментот кога ќе ги внесете податоците од вашата платежна картичка, и истите ќе се обработат преку безбедносниот протоколен систем на банката и трансакцијата ќе биде спроведена, овие податоци стануваат невидливи за нас, односно се бришат.

Креирање на кориснички профил –  чекори за регистрација:

За да направите нарачка не е задолжително да имате кориснички профил на Вино Маркет, но доколку се одлучите да креирате кориснички профил чекорите за регистрација се следни:

    1. Се оди во Моја Сметка па се кликнува на линкот Креирај акаунт
    2. Ни се појавува да внесеме наш меил и во долното поле Лозинка (која треба да содржи една голема буква бројка и еден знак т.е мин. 8 карактери), па потоа кликнуваме на РЕГИСТРИРАЈ СЕ.
    3. Подолу има копче за штиклирање за давање на согласнот за директен маркетинг и известувања за промоции по меил. 
    4. На меилот со кој сме се регистрирале ни стигнува известување за направена регистрација на плафтормата Вино Маркет. Откако системот ќе ја прифати лозинката влегуваме во корисничкиот панел каде што треба да ажурираме податоци како Име Презиме Адреса Телефон за контакт. Имаме и опција за промена на име на профилот и за промена на лозинка. Во самиот кориснички панел кога сме најавени можеме да ги следиме и сите наши претхноди и тековни нарачки. 
    5. Податоците кои се оставаат при креирањето на профилот се зашититени од нашата страна и служат за правење на брзи нарачки т.е. ако веќе имате направено профил на Вино Маркет со креирањето на кориснички профил веднаш можете да правите нарачка со тоа што нема да се внесуваат при плаќање повторно ваши податоци туку само се штиклира копчето се согласувам со условите и директно ве насочува на виртуелниот терминал на порталот на ХАЛК БАНКА за наплата.

Споделување податоци со трети страни

Веб сајтот на ВИНО МАРКЕТ не споделува лични податоци со трети страни. Споделувањето на податоци го врши само со податоци од правни лица, споделувајќи на трети страни како што се Facebook, Inc, информации за производи и фирми кои се јавно достапни на веб-сајтот на ВИНО МАРКЕТ.

Исто така корисникот може да сподели информации кои се јавно достапни на други веб-страни, вклучувајќи информации за поврзаност помеѓу Корисникот и други веб-страни (како пријатели и листа на контакти). Мондави не ја превзема одговорноста во однос на Заштита на личните податоци за други веб-страни. Оваа политика не се применува за информации за корисникот и неговите пријатели кои се зачувани на други веб-страни. Ако корисникот не сака податоците достапни на други веб-страни, да бидат достапни на веб сајтот ВИНО МАРКЕТ потребно е да го измени подесувањето за приватност на својата регистрација на другите веб-страни.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА
Мондави Дооел не дозволува користење на сајтот на www.vinomarket.mk на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на www.vinomarket.mk   изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години. 

Користење на колачиња (cookies)

Мондави на својот веб сајт ВИНО МАРКЕТ обезбедува опција на компјутерот на Корисникот или на други терминални уреди да бидат инсталирани колачиња – што може да се креираат на Вашиот компјутер и Вашиот пребарувач може да ги зачува и дава можност за обновување на информациите за Корисникот бидејќи тие ги препознаваат сајтовите/страниците што неговиот/нејзиниот терминален уред ги користи и/или пребарува. Секое колаче содржи карактеристична низа на знаци, што му овозможува на пребарувачот јасно да се идентификува кога веб-страницата повторно се посетува. Корисникот треба да ја потврди или одбие оваа опција.

Повеќето колачиња што ги користиме се таканаречени „Колачиња за сесија“, кои се бришат кога ќе завршите со сесијата на пребарувачот.  Покрај тие, постојат и долготрајни колачиња, што ги користиме за повторно да Ве препознаеме како посетител. Колачињата не нанесуваат никакви штети на Вашиот компјутер и не содржат вируси.
Следните податоци односно информации се зачувуваат и обработуваат во колачињата.

  •         Функционалност на најава, времетраење: една сесија
  •         Доколку е потребно, намалување на оптовареност, времетраење: една сесија
  •         Функционалност на кошничка, времетраење: 30 дена по последната посета.

Ние користиме колачиња на нашата веб-страница за да ја подобриме функционалноста на веб-страницата за ваша корист. Не користејќи ги колачињата, одредени области на страницата ќе престанат да работат исто толку ефикасно, а во други, целосно ќе престанат да работат. Според тоа, сметаме дека употребата на колачиња е од јавен интерес, а истовремено е во согласност со член 6 (1) (д) од GDPR. Правната основа за обработка на личните податоци под користење на колачиња е легитимен интерес на Мондави, GDPR и член 10 став 1 алинеја 6 од Законот за заштита на личните податоци.

Корисникот има право во кое било време од Мондави да добие информација за податоците кои се зачувани на неговиот терминален уред, со испраќање прашање до Мондави на следната e-меjл адреса: [email protected]

Директен Маркетинг

Корисникот директно и индиректно ќе биде информиран од компанијата Мондави, за општите и посебните кампањи, предностите, производите, промовирање на услуги, реклами на веб сајтот ВИНО МАРКЕТ.

Со секаков вид на електронска комуникација се овозможува да се испратат комерцијални електронски и други пораки до потрошувачот. Ако сакате да ја повлечете вашата согласност за обработка на вашите лични податоци за целите на директен маркетинг пишете порака на нашата електронска адреса (e-mail) [email protected] .

Корисникот може да побара од веб сајтот на ВИНО МАРКЕТ да го информира за неговите права, поврзани со обработката на личните податоци, како и да ги дополни, измени, избрише, или да го сопре користењето на неговите лични податоци, ако податоците се нецелосни, неточни, или неажурирани на горенаведените адреси. Во рок од 15 дена по добивањето на известувањето, МОНДАВИ ДООЕЛ Скопје ќе ја спречи понатамошната употреба на личните податоци на корисникот заради директен маркетинг.

Кои се вашите права во однос на вашите податоци што ги собираме?

Имаме одредени права во однос на податоците што ги собираме во рамките на оваа политика. Податоците што се обработуваат од наша страна:

  • Да дознаете дали се обработуваат или се обработувани вашите лични податоци,
  • Доколку се обработуваат можете да добиете информации за нив,
  • Да ја дознаете целта на обработувањето на вашите податоци и дали се користат според нејзината цел,
  • Доколку се погрешни можете да побарате да се ажурираат вашите податоци,
  • Може да побарате вашите обработени податоци да бидат избришани или уништени

можете да не контактирате и пишете порака на нашата електронска адреса (e-mail) [email protected] за сите ваши барања. Вашите барања ќе бидат спроведени и истите ќе бидат обработени во најскоро можно време, односно најдоцна до 15 дена од денот на приемот.

Како ги заштитуваме податоците што ги собираме?

Мондави ги презема сите неопходни технички мерки за да ја осигура приватноста и безбедноста на лични податоци собрани преку нашата веб-страница ВИНО МАРКЕТ. Податоците кои се собираат не се споделуваат со никого, Податоците ќе бидат трајно зачувани во безбедниот систем на ВИНО МАРКЕТ или доколку корисникот на услугата нема поднесено барање за бришење на лични податоци.

Вашите права како субјекти на лични податоци

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

• да се информирате од ВИНО МАРКЕТ околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
• да побарате од ВИНО МАРКЕТ да ги дополни, измени и/или ажурира ако неговите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, пришто треба да ВИНО МАРКЕТ постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци;
• да побарате од ВИНО МАРКЕТ да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат;
• да побарате од ВИНО МАРКЕТ да ги избрише Вашите лични податоци, при што ВИНО МАРКЕТ има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
• да поднесете приговор до ВИНО МАРКЕТ за начинот на обработката на Вашите лични податоци;
За остварување на овие права, може да не контактирате на:
Е-маил адреса: [email protected]
Контакт телефон: +389 78 212 080

или можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци:
Име и презиме: Филип Анастасовски
Контакт телефон:078/212-080
Е-маил адреса: [email protected]

Контролорот на лични податоци потврдува дека обезбедува целосна транспарентност при остварување на правата на субјектот на личните податоци како посетител (корисник) на веб страницата.  На оваа страница Контролорот ги применува и почитува членовите 9, 11, 16, 23, 24, 25 и 26 од ЗЗЛП во врска со насоките од Recommendation No. R(99)5 of the CMMS for the protection of privacy on the internet. Контролорот презема технички и организациски мерки во однос на заштита на веб страницата, при што обезбеденото ниво на безбедност го сведува ризикот на најмал објективно можен минимум, а во секој случај на ризик со ниска сериозност, согласно член 29.1 и член 36.1, 36.2 од ЗЗЛП и според Правилникот за безбедност на обработка на лични податоци.

Одјавување од листата за известувања

Ако не сакате да бидете вклучени во нашата информативна листа, можете да ја напуштите со вашиот избор во секое време со ажурирање на вашите податоци. Доколку не сакате да добивате известувања на e-mail, можете да се јавите на нашиот контакт телефон 078 212 080 или да поднесете барање преку нашата веб страна  www.vinomarket.mk или по e-mail на [email protected] .

Промена на Политиката за приватност

Мондави Дооел го задржува правото во секое време да ја измени, или дополни политиката за приватност на веб сајтот на ВИНО МАРКЕТ. За секое нејзино менување, или дополнување ќе биде поставено известување на нашата веб страна.

Ажурирано на: 22/05/2022