Вино Маркет

Во земјата на рајските винови лози, грозјето незауздано расте, и се претвора во еликсирот на боговите… вино.
Нашата земја изобилува со различни сорти на грозје, од различни региони, од кои потоа се произведуваат најдобрите и највалитетните македонски вина.
Вино Маркет има за цел да ги направи македонските вина, произведени од реномираните македонски компании, лесно достапни за секој од вас.
Вино Маркет е специјализирана онлајн продавница за вино, алкохолни пијалоци и аксесоари, место каде што можете да го одберете вашиот пијалок и да уживате во него каде и да сте. Нашата цел е да го направиме вашиот омилен пијалок достапен во секое време.

Вино Маркет за помалку од една година на пазарот се издвои од конкуренцијата со врвната услуга која ја нуди на своите клиенти. Оваа година Вино Маркет е номиниран за избор на најдобрите во македонската е-трговија за 2021 година во три категории: Најдобра новоотворена е-продавница (2021), Најдобра достава на онлајн нарачки и Е-продавница за храна и пијалоци на годината.

Во онлајн продавницата на Вино Маркет можете да најдете голем избор на домашни и странски вина со врвен квалитет, жестоки пијалоци и различни додатоци кои ќе допринесат за дополнително уживање. Исто така, ова е место каде што можете да купите подарок и да ги изненадите позитивно вашите најмили.

Вино Маркет е секогаш тука да ја понуди својата професионална и брза услуга и да ја скроти вашата жед. Едноставно опуштете се во вашиот домашен амбиент и нарачајте го вашиот омилен пијалок преку Вино Маркет!