Сите цени се изразени во денари со вклучен ДДВ.

Во согласност со Законот за трговија vinomarket.mk е должен да ги почитува обврските кои произлегуваат од овој закон, па според тоа:
Vinomarket.mk врши испорака на Вина, алкохолни пијалоци и акцесоари преку својата е-продавница исклучиво во периодот од 11:30 до 20:00 часот во работни денови, како и во Сабота од 11:30-17h.
Vinomarket.mk врши продажба на алкохолни пијалоци преку својата е-продавница исклучиво на лица постари од 18 години.
По комплетирањето и плаќањето на нарачката ќе добиете e-mail порака за потврда и детали од нарачката.

Плаќањето можете да го направите на три начина:

  1. Безбедно онлајн преку терминалот на Халкбанка. Со платежна картичка (MasterCard Worldwide, Visa International, Diners Club International Card). Плаќањето со Diners Card е овозможено на 12 рати.
  2. Плаќање во готовина при испорака.
  3. Преку банка со издавање на профактура (контактирајте не на телефонскиот број 078 212 080 за издавање на профактура).

За секое плаќање преку on line страната на vinomarket.mk потрошувачот добива фактура за уплатата и нарачката електронски при плаќање преку терминалот на Халк Банка на меил и  фискална сметка преку плањање при испорака.
Доколку имате забелешки во поглед на квалитетот и исправноста на производот Ве молиме да се обратите до производителот и доколку истиот дозволи производот ќе Ви биде заменет.

Доколку не по наша вина сакате да го вратите производот и да Ви се вратат парите, во тој случај од крајниот износ што сте го платиле ќе Ви биде одбиен трошокот за испорака што изнесува 150 денари со вклучен ДДВ. Ако сакате да го вратите производот и да Ви се вратат парите, должни сте производот да го чувате неоштетен, неупотребуван, во оригиналното пакување заедно со приложените документи. 

Без оглед на тоа од кои причини сакате да го замените или вратите производот, треба претходно да ни доставите писмена изјава во која ќе ја наведете Вашата причина на e-mail адресата: [email protected]

Рекламациите се примаат најкасно 5 дена од добивањето на производот.

Aжурирано на 22.06.2023 година