Џинот е стар жесток алкохолен пијалок.
Постојат многу спорови за точното време на неговото настанување. Но едно е сигурно дека сите врсти на џин свое потекло го влечат од 13 – тиот век , каде се појавува во Холандија. Првата запишана рецепта за џинот , кој на почетокот бил како лек, потекнува од 16 – тиот век. Од Холандија под дирекно влијание на војната џинот како пијалок се проширил и во Англија, која е денес една од земјите во кои се произведува и конзумира во големи количини. Овој популарен пијалок без кој неможе да се замислат најдобрите коктели се прави со дестилација на житарици и овојше ( слива ) кои веќе започнале алкохолна ферментација и се додава смрека на итилијански ( ginepero ) од каде доаѓа и името ЏИН.
Постојат четири главни врсти на џин, кои се разликуваат по начинот на производство односно дестилацијата на алкохолот.
Главните четири поделби се
- Алкохолни пијалоци со вкус на смрека
- Џин
- Дестилиран џин
- Англиски џин или Лондонски џин
Во нашиот ВиноМаркет застапени се повеќе видови на џин од кој ние ќе ги издвоиме: Gin Tanqueray, Gin Hendrick`s, Gin Beefeater, Gin Bombay и Gin Tenjaku.
-
BEEFEATER GIN BLOOD ORANGE 0.7L990 ден
-
TENJAKU JAPAN GIN 0.7L1460 ден
-
GIN TANQUERAY 0.7L1190 ден
-
GIN TANQUERAY TEN 0.7L2390 ден
-
BOMBAY SAPPHIRE LONDON DRY GIN 0.7L1190 ден
-
BEEFEATER GIN PINK 0.7L990 ден
-
BEEFEATER GIN 1L1220 ден
Дојде време за ладни, освежителни пијалоци и коктели што сакаме да ги пиеме во топлите, летни вечерни часови во нашите омилени барови. Но, кој вели дека не можете да направите сами вкусен коктел од џин дома? Благодарение на квалитетните својства на џин, лесно е да се комбинира со многу други пијалоци, сирупи и ароми, за да можете да експериментирате и да создадете свој вкус.
Рибизла џин
Состојки:
– Спрајт – 100 мл;
– Џин Hendrick`s – 40 мл;
– сируп од рибизла – 20 ml;
– мраз – неколку коцки;
– нане – за украсување.
Подготовка: Наполнете чаша со коцки мраз и додадете од џинот.
Во посебен сад, измешајте го спрајтот со сирупот и протресете го пијалокот добро,
потоа истурете го во чаша украсена со лисја од нане. Послужете го коктелот со сламка.
На здравје!