Како да направите Campari Spritz
Иако Aperol Spritz доби меѓународна слава, Campari Spritz е подеднакво лесен за правење и пиење, иако е малку погорчлив пијалок. Ја користи истата формула 3-2-1 – три дела просеко (90мл) , два дела Кампари (60мл) и еден дел газиран вода (30мл). Како и неговиот колега од Aperol, Campari Spritz се украсува со свежо парче портокал.
Spritz категоријата на пијалаци се смета дека потекнува од доцните 1800-ти во регионот Венето во Италија. Во тоа време, североисточната територија на денешна Италија сè уште била дел од Австро-унгарската империја, а зборот „шприц“ излегува од германскиот збор spritzen, што значи прска или прскање. Како што вели легендата, Австријците кои биле на оваа територија увиделе дека локалното вино од регионот е премногу силно, па така започнале да го разредуваат со газирана вода. Локално направени горчливи ликери на крајот беа додадени за излив на боја и вкус. Наскоро, познатата комбинација на просеко, горчлив ликер и газирана вода стана претпознатлив аперитив кој претставува прв избор за пијалак после работа.
Каков вкус има Campari?
Campari е горчлив ликер, со цитрусен вкус и нежни зачински ноти, како каранфилче и цимет. Некои експерти веруваат дека горчината доаѓа од chinotto , цитрус кој е познат по горчината, но тоа останува непотврдено.
Campari може да се пие чист или да се меша во коктели. Кога се користи во коктели дава еден посебен карактер и шмек на кој ретко кој може да одолее.
Campari Spritz е свеж, лесен и вкусен коктел кој е одлична опција за љубителите на горчливите вкусови.
Чекори
1. Додадете ги Prosecco (90ml), Campari (60ml) и газирана вода директно во чаша за вино наполнета со мраз и нежно измешајте.