Спојот на медитеранските климатски услови и специфичните глинени почви во локалитетот Бела Вода е она што го прави ова вино уникатно и софистицирано. Со долготрајна арома која започнува свежо и со текот на годините еволуира кон мед и тартуфи, ова вино има светложолта, прозрачна боја и елегантна структура. Како идеална купажа на белан и шардоне, виното има заокружен, полн вкус и нежна арома на бели цветови и диња, надополнетa со ароми на француски барик буриња, кои даваат ноти на путер, ванила и лешник. Се послужува на температура од 10-12°C и најмногу оди со бранцин, орада, пилешко со зеленчук или телешко во сос со шампињони.
BELA VODA WHITE 0.75L
2090 ден
- Нето:750мл
- Алкохол: 14%
На залиха
Критики
Нема критики сеуште.