CHATEAU KAMNIK CUVEE DE PRESTIGE 0.75L
Суво црвено вино со контролирано и гарантирано потекло; добиено е со винификација на внимателно одбрани гроздови, од сопствените насади на винаријата Камник, од сортите: Мерло (43%), Вранец (38%) и Каберне Франк (19%). Виното се одликува со интензивна рубин црвена боја, допадлива арома на црно ситнозрнесто овошје надополнето со зачински поттонови и долг послевкус на капучино и црно чоколадо. Комплексноста на ова кувe се должи на повеќемесечното одлежување во нови и делумно користени дабови буриња со капацитет од 225 литри. Вкусот е полн, со висока содржина на екстракт, хармонична киселост и меки сомотести танини кои му овозможуваат на ова вино потенцијал за повеќегодишно созревање во шише.
Препорачливо е виното да се декантира пред послужување.
Препорачана температура на послужување: 14-16°С..
Уживајте во ова вино во комбинација со јаки сирења и специјалитети од месо и дивеч.
Критики
Нема критики сеуште.