IMAKO WINERY VRANEC MAJESTIC 0.75L
Суво црвено вино добиено од сортата Вранец. Се одликува со интензивна рубин црвена боја со виолетови нијанси. На нос се откриваат ароми на темно зрнесто овошје како дива капина, сина слива и тонови на тутун. Вкусот е со богат екстракт и изобилува во ароми на темно ситнозрнесто шумско овошје и какао, проследен со долготраен послевкус на темно чоколадо и каранфилче. Елегантно вино со полно тело, висок екстракт и меки танини.
Се комбинира со специјалитети од црвено месо, печен дивеч и полномасни сирења.
Препорачана температура на служење: 16-18 °С
Критики
Нема критики сеуште.