CHATEAU KAMNIK CUVÉE KAMNIK WHITE 5L
Суво бело вино добиено со купажа од внимателно одбрани врвни сорти грозје и тоa Шардоне, Совињон Блан, Москато Џало, Траминец Мускат и Темјаника од сопствените насади на винаријата Шато Камник. Виното се одликува со кристална бистрина и изразена бледа жолто-зеленкаста боја. Мирисот е млад, свеж, типично мускатен со убаво цветно-овошно буке дополнето со минерални подтонови. Вкусот е полн, со карактеристична свежина која му дава на виното хармоничност и живост.
Се сервира разладено на 8 – 10°С со разни видови на бело месо, тестенини и разни сирења.
Критики
Нема критики сеуште.