fbpx
Бесплатна достава на нарачки за Скопје над 1600 денари (Центар, Карпош, Аеродром, К. Вода) и бесплатна достава на нарачки над 4300 денари низ Македонија.

Постои ли поголемо уживање од чаша црвено вино полна со сладок мирис, силен вкус и убава темно-црвена боја? Кога ова ќе го споиме со тврдењето на експертите дека виното е одлично за здравјето, добиваме уште поголема желба за негово конзумирање. 

Научниците откриле дека ресвератролот кој го содржи црвеното вино го брани нашето тело од голем број бактерии. Но има и многу други здрави состојки.

Французите, кои секојдневно пијат бар една чаша црвено вино скоро и да немаат онколошки проблеми и прблеми со кардио-васкуларни заболувања, иако нивниот начин на исхрана ги поттикнува овие болести. Научниците ова го нарекуваат Француски парадокс и веруваат дека ваквиот резултат е токму поради секојдневното конзумирање на црвеновино.

Еве неколку научни факти за црвеното вино.

  • Антиоксидантите кои ги содржи црвеното вино го штитат телото од онколошки заболувања.
  • Моносахаридите го подобруваат имунолошкиот систем.
  • Ресвератролот помага при слабеење и ја нормализира брзината на метаболизмот.
  • Црвеното вино е богато со полифеноли кои ги зацврстуваат вентилите во вашето срце и го подобруваат испумпувањето на крв во вените и артериите т.е ја подобруваат циркулацијата.
  • Со подобрна циркулација и побрз проток на крв до мозокот се намалува и ризикот од појава на болеста Алцхајмер.
  • Ресвератролот ги зацврстува капиларите во очите со што спречува појава на очни заболувања.
  • И за крај, црвеното вино го намалува создавањето на хормонот адреналин, со што го намалува и нивото на стрес во организмот.

Наздравје!

Напишете коментар

Кошничка

Најави се

Создади сметка
Назад на врвот