fbpx
Бесплатна достава на нарачки за Скопје над 1600 денари (Центар, Карпош, Аеродром, К. Вода) и бесплатна достава на нарачки над 4300 денари низ Македонија.

Првото вино е произведено илијадници години наназад, а отогаш стотици различни култури, од различни места во светот го произведуваат на свој начин и по свој вкус. 
Денес целиот свет споделува техники и рецепти за правење вино, па затоа може да се каже дека виното не било никогаш толку убаво како сега. Но за секое вино да се направи постојат неколку основни чекори. 

Што е она што го претвора грозјето во уникатни црвени и бели вина, за потоа ние љубителите на овој пијалак да уживаме во чаша, две или пак некогаш и цело шише.

Собирање на грозје

Иако ова звучи како најлесниот чекор при правењето вино, всушност има голем мисловен процес позади него. Најмногу поради тоа што грозјето го менува својот вкус, во зависност од периодот кога е набрано, што влијае на киселоста, блажината и аромата. 
Во зависност пак од големината на лозјето, грозјето може да се собира со рака или пак со машина. А доколку берењето се прави во текот на летните денови, тогаш се препорачува да се бере во текот на вечерите, како би се зголемила ефективноста. 

„Кршење“ на грозјето

Без разлика за каква сорта на грозје станува збор, тоа секогаш мора да се згмечи.
Во денешно време најмногу се користат машини за оваа намена кои истовремени ги отстрануваат дршките. За бело вино се отстрануваат лушпата и семките за да се спречи боење на виното, додека за црвеното вино се остава лушпата.    

Ферментација

Следна е ферментацијата. Овој чекор го одредува вкусот на виното. Шеќерот се претвора во алкохол со помош на различни врсти на техники кои одговараат на различни видови на грозје. Најприроден процес е со едноставно доадавање на квасец кој со текот на времето ќе ферментира. Кај црвеното вино, се ослободува јаглерод диоксид и најчесто ферментира на потопли температури, за разлика од белото вино. Процесот кај црвените вина најчесто продолжува додека целиот шеќер не се претвори во алкохол. На овој начин се креира суво вино. Белите вина исто така може да ферментираат додека не се добие суво вино, но за тоа да биде благо, процесот треба да престане пред да ферментира целиот шеќер, па така тоа е поблаго и со помал процент на алкохол. 

Стареење на виното 

Стареењето може да варира во зависнот од времето, местото и самиот процес. Вината може да стареат од неколку месеци до неколку години сместени во нерѓосувачки челик или дабови буриња. Постојат неколку видови на буриња како, младо дрво, наутрално, америчко или француско буре. Исто така бурето може да биде потпалено/задимено како би се добиле различни вкусови и интензитет на виното.

Виното во шише

Пред да се стави виното во шише поминува низ процес на филтрација кој го прочистува од несакани парчиња кои останеле во течноста. Откако ќе заврши овој процес, виното е спремно да биде флаширано. Кога шишето ќе се наполни до врвот, винарите ставаат малку азот или јаглерод диоксид за да го истуркаат кислородот кој може да се задржи во шишето. Шишињата се плутираат и се носат за продажба. 

Напишете коментар

Кошничка

Најави се

Создади сметка
Назад на врвот