TRAIKOVSKY RAKIJA+BOX 1L

749 ден

  • Нето: 1 литар
  • Алкохол: 40%
  • Лозова 3 години стара жолта ракија
  • Паковање со кутија

Традиционална стара домашна лозова жолта ракија, препеченица, со неверојатно мек и специфичен шмек на благуњав даб.

Печена на традиционален, домашен начин, со бакарни казани, по стар прадедов рецепт од 1922, од шест сорти грозје од најдобрите лозови насади од Тиквешијата, од околините на Барово, Бохула, Бошава, Крњево, Конопиште, на Кожуф планина.

Созревана три години под дејство на Кичевски даб „благуњ“, ракијата Traikovsky плени со својот неочекувано мек и уникатен шмек.

Изобилува со ароми на даб, мед, цимет и освежувачки ноти на ванила и кафе. На вкус доминира избалансирана комбинација на даб, мед и бадеми, со благ допир на праска и темна слива, кои долго остануваат во сетилата.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе оцените “TRAIKOVSKY RAKIJA+BOX 1L”