ZAHARCHEV WINERY STANUSHINA 0.75L
Во Македонија постојат неколку автентични сорти грозје, кои растат во поблискиот регион, но само една од нив вирее единствено на македонска почва. Станува збор за станушина – стара сорта грозје што може да се најде само во Тиквешкиот регион.
Главната карактеристика на оваа сорта претставува издржливоста. Во одреден период од минатото постоела опасност да исчезне, поради тоа што малкумина ѝ посветувале доволно внимание, но станушината успеала да опстане.
Од неа се добива вино со висок квалитет.
Лозата на станушината созрева доцна, студот не ѝ пречи и дава добри приноси. Кога ќе влезе во визбата, грозјето бара големо внимание и вистинска посветеност. Доколку годината е добра, тогаш може да обезбеди вино со средна јачина од 11 до 12 проценти алкохол.
Бојата на виното добиено од станушина има карактеристична бледа нијанса, богат екстракт и висока киселост, што му дава извонредна свежина на пијалакот. Ова вино го обожуваат и луѓето со префинет вкус, кои при посетата на Македонија никогаш не испуштаат можност да земат барем едно шише со себе.
Вкусете го и вие ова драгоцено вино од единственото вистинско македонско грозје. Кога ќе се напиете само една капка, ќе сфатите дека испивате дел од македонската историја испишана во него.
- Суво розе вино со контролирано потекло од Тиквешкото Виногорје, со изразена бледа розе нијанса на дива ружа.
- Совршен спој од ароми на пролетни цветови, јагоди и малини, а овошните ноти се истакнуваат најмногу кога виното се консумира младо.
- Се служи изладено на температура од 8 – 12 ºC
- Alc 12% vol
- Одличен избор е кога виното се комбинира со лесни и кремасти пудинзи, а главните карактеристики уште повеќе доаѓаат до израз кога се сервира со зелена салата, сармички, полнети пиперки, гравче тавче или со некои полесни јадења.
Критики
Нема критики сеуште.