DI CAMILLO TENUTE DEL POJO IMPERIVM RISERVA 0.75L
Di Camillo Tenute del Pojo Montepulciano d’Abruzzo Riserva е наградувано италијанско црвено вино направено од 100% грозје Монтепулчиано д’Абруцо , одгледувано во глинесто-варовничка почва во винскиот регион Кјети во Абруцо, Италија. Оваа автохтона сорта е меѓу најдобрите италијански грозја. Се бере рачно и механички, а по традиционален процес на винификација, зрее 18 месеци во барик буриња . Резултатот е вино со црвена боја на цреша и рефлексии на гранат. Неговиот ароматичен профил плени со интензивна зачинета арома со ноти на зрело црвено овошје, темјан и блесоци на кафе и тутун.
Боја : црвена цреша
Арома : интензивна, зачинета, со ноти на зрело овошје, темјан, кафе и тутун
Вкус : структуриран, робустен, црвено овошје
Награди :
- Mundus Vini 2022, златен медал во категоријата
- Mundus Vini 2021, златен медал во категоријата
- Mundus Vini 2020, сребрен медал во категоријата
- Expovina 2022, сребрен медал во категоријата
- Комбинирање: Одлично одговара со црвено месо, скара, особуко, колбаси, палента и зрели сирења.






Критики
Нема критики сеуште.