Постојат различни чаши за вино – за бели вина, шампањ, бордо… Нивниот елегантен облик не се јавил како резултат на помодарство, туку секој од различните облици на чаши е во склад со специфичноста на одреденото вино. Чашата секако не може да го поправи лошото вино, но може да допринесе да се истакнат најдобрите карактеристики кај квалитетните вина.
Дека тајната на вкусот на виното се крие во чашата открил Клаус Ридл, десетта генерација од прочуената австриска фабрика за стакло. Тој во 1958 година ја дизајнирал првата функционална чаша за вино чии основни карактеристики и денес ги имаат нејзините „наследнички“. Ниедна од овие карактеристики не е случајна.
Некои одлики на чашите за вино се заеднички за сите видови. Тенкото и транспарентно стакло овозможува да се види бистината и бојата на виното, но и му дозволува на виното да „падне“ на вистинското место, бидејќи во дебела чаша за вода и најфиното вино би изгубило дел од својата магија и дезориентирано би кружело во устата. Токму затоа јајцевидниот облик стеснет кон врвот е неопходен за да ја „зароби“ аромата. Сите чаши имаат тенка дршка, која помага да не се влијае на температурата на виното и секако подлога.
Секој љубител на вино, или секој кој сака во целост да ужива во овој многу популарен пијалак, па дури и да ги импресионира гостите, треба да поседува пет основни чаши за вино.
BORDEAUX
Ова вино се служи во чаша со широко тло, наменета за вина со полна арома како што се “Syrah”, “Cabernet”, “Merlot”, “Zinfandel” и “Malbec”. Големата чаша им овозможува на вината да примат повеќе кислород, помагајќи им да се отворат и да дишат истакнувајќи ги мирисот и аромата.
BURGUNDY
За ова вино потребна е поголема и поширока чаша од претходно. Широката чаша им помага на светлите вина како на пример “Pinot noir” да ја истакнат и усмерат аромата кон устите, така што ќе се истакне овошната нота на виното. Поради тоа ваквите чаши се користат за вина кои стоеле долго време, бидејќи во поголема чаша побргу ќе се заситат со кислород и полесно ќе ги покажат своите вредности и вкусови.
БЕЛИ ВИНА
За белото вино се користи помала чаша бидејќи не му е потребна таква оксидација како на црното. Малата чаша им помага на вината со лесно тело да ја зачуваат свежината, а токму тоа е и примарната функција која чашата за бело вино треба да ја исполни.
ШАМПАЊ
Ова вино бара уште потесна чаша за подолго да се зачуваат и усмерат меурчињата. Виткиот и тенес облик на чашата овозможува меучињата со јаглерод диоксид да се движат од дното кон површината на виното. Поради тоа за шампањ исклучиво се користат тесни чаши со тенка дршка.