ZAHARCHEV WINERY VRANEC BARRIQUE 0.75L

920 ден

На залиха

ZAHARCHEV WINERY VRANEC BARRIQUE 0.75L

Најважна и водечка сорта за производство на црвени вина во Македонија е вранецот. Настаната е по пат на природно вкрстување и застапена е во сите виногорја на Повардарскиот регион, а во другите виногорја ја има во помали размери. Грозјето има темноцрвена боја и најдобри резултати дава на средно плодни и умерено влажни почви.

Зборот вранец означува црн пастув, затоа вината од оваа сорта грозје асоцираат на сила и моќ. Вран исто така значи нешто што има сјајна црна боја.

  • Суво црвено вино со контролирано потекло од Тиквешкото Виногорје, со интензивна потемна рубин црвена боја, богати со екстракт и обоени материи.
  • На вкус е хармоничнo, со нагласен сортен мирис и со покомплексна арома што наликува на шумско овошје и дрвенести мириси, и на чоколада и ликер.
  • Се служи на температура од 16 – 20 ºC.
  • Alc 12.5% vol.
  • Добро одговара со сите македонски јадења, како и со црвено месо, дивеч, месо на скара и чадено месо.
Боја

Црвено

Сорта на Грозје

Вранец

Вино Брендови

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе оцените “ZAHARCHEV WINERY VRANEC BARRIQUE 0.75L”