CHATEAU KAMNIK GOLDEN TEMJANIKA 0.75L

1600 ден

  • Нето: 750мл
  • Алкохол: 13%

Нема на залиха

CHATEAU KAMNIK GOLDEN TEMJANIKA 0.75L

Златна Темјаника е премиум полусуво бело вино добиено од одбрани гроздови Темјаника. Карактеристиките и привлечноста на ова вино се истакнуваат со дoдавањето на нежни ливчиња од вистинско 23-каратно злато во самото вино. Златна Темјаника, освен со својот ултрамодерен, нежно-сјаен изглед, се одликува и со мирис кој е елегантен и сензуален, со комплексни овошни ароми на сува кајсија, кора од портокал и дискретни зачински поттонови. Вкусот е полн, избалансиран, со хармонична свежина и овошно-зачински послевкус. Златните ливчиња присутни во Златна Темјаника се наменети за употреба во гастрономијата, сосема се безбедни за конзумација, и немаат влијание врз вкусот и мирисот на самото вино. Златна Темјаника е вино чие создавање е инспирирано од величенственоста на обичните мигови кои ги споделуваме со другите луѓе. Визуелно присутната екстраваганција и нишката на луксуз кај ова вино претставуваат порака која нe потсетува на убавината на едноставното уживање во животот.Препорачана температура на пoслужување: 7-10°С.Уживајте во ова вино како аперитив, во комбинација со лесни предјадења и суви колачи, пита од јаболка, поширани круши и сл.

Боја

Бело

Вино Брендови
Сорта на Грозје

Темјаника

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе оцените “CHATEAU KAMNIK GOLDEN TEMJANIKA 0.75L”
Категорија