-14%

JOSTELA WINERY MERLOT 2018 0.75L

299 ден

МЕРЛО 2018

Виното Мерло претставува едно совршено вино во поглед на балансот кој што е постигнат помеѓу вкусот и мирисните ароми. Виното се одликува со загасита црвена боја, проткаена со виолетови нијанси. Мирисот е хармоничен, овошен, со ароми на зрело зрнесто овошје, како црна рибизла, боровинка и капина. Танините се меки и топливи во уста. Виното е хармонично, со изразено тело, богато на вкус.
Ова вино се служи на температура од 180С, во комбинација со јадења на  база на црвено месо, но не претерано зачинети и јаки. Најидеална комбинација би била со избор на сирења, како што се рокфорт, бри, камамбер и различни видови на црн и полубел леб.

Алкохол: 14%

На залиха

За винаријата:

Винарија Јостела е изградена 2005 година. Во целосна сопственост е на фамилија Гелебешев. Сместена е во Гевгелија, на крајниот југ на Македонија, на само 2 km од границата со Грција. Локациски винаријата Јостела е сместена во Гевгелиско-Валандовското виногорје, во Повардарскиот вински регион. Лозовите насади во ова виногроје се на надморска височина од 64 m и се под влијание на средоземната клима.

Винаријата Јостела поседува сопствени лозови насади на површина од 0.35 ha. Во поглед на сортиментот, лозовите насади се со сортите Merlo и Cabernet frank. Подигнати се 2005 година, кога е изградена и винаријата.

Винаријата е со капацитет од 20.000 литри.

Вино Брендови
Боја

Црвено

Сорта на Грозје

Мерло

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе оцените “JOSTELA WINERY MERLOT 2018 0.75L”