-14%

JOSTELA WINERY CUVEE BARRIQUE 2019 0.75L

419 ден

КУВЕ БАРИК 2019 –  е вино со неповторлива мешавина на вкусови, балгодарение на комбинацијата на сорти кои го сочинуваат ова вино, а тоа се Каберне франк, Каберне совињон и Мерло. Изборот на овие три сорти прави единствена кобинација од вкусови надополнети со нежни ароми на дрво, како резултат на одлежувањето на виното во барик буриња. Виното се одликува со темно црвена боја со виолетови нијанси и изразена длабочина. Мирисните ароми се комбинација на темно овошје, како црна слива и вишна, што доаѓа од мерлото и каберне франк. Виното поседува и зачински и минерални тонови, кои доаѓаат од каберне совињон. На вкус е многу добро избалансирано, ја има потребната свежина и долг завршеток.

Ова вино се послужува на температура од 180С. Се комбинира со различни јадења со месо и со десерти.

Алкохол: 12,5%

На залиха

За винаријата:

Винарија Јостела е изградена 2005 година. Во целосна сопственост е на фамилија Гелебешев. Сместена е во Гевгелија, на крајниот југ на Македонија, на само 2 km од границата со Грција. Локациски винаријата Јостела е сместена во Гевгелиско-Валандовското виногорје, во Повардарскиот вински регион. Лозовите насади во ова виногроје се на надморска височина од 64 m и се под влијание на средоземната клима.

Винаријата Јостела поседува сопствени лозови насади на површина од 0.35 ha. Во поглед на сортиментот, лозовите насади се со сортите Merlo и Cabernet frank. Подигнати се 2005 година, кога е изградена и винаријата.

Винаријата е со капацитет од 20.000 литри.

Вино Брендови
Сорта на Грозје

Каберне Совињон, Каберне франк, Мерло

Боја

Црвено

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе оцените “JOSTELA WINERY CUVEE BARRIQUE 2019 0.75L”