CHATEAU KAMNIK VRANEC TERROIR 0.75L

3439 ден

  • Нето: 750 мл.
  • Алкохол: 16 % Vol.

Нема на залиха

CHATEAU KAMNIK VRANEC TERROIR 0.75L

Суво црвено вино добиено од 100 % гроздови од сортата Вранец, природно просушени на самата лоза. Има карактеристична густина за сортата, одлична подвижност и динамичен вискозитет. Виното се одликува со темна рубин црвена боја,  аромата е овошно-зачинска и потсетува на мешавина од зрела капина, боровинка и модра слива, со дискретна нота на нане. Со процесот од 24-месечно зреење во нови барик буриња од американски и француски даб се добива исклучително полн и интензивен вкус на џем од црно овошје, со долг и перзистентен чоколаден послевкус. Хармоничните киселини, меките сомотести танини и комплексното буке со префинета структура му овозможуваат на ова вино потенцијал за долго созревање. Со одлежувањето на подолг период во соодветен амбиент ова вино ќе добие дополнителна комплексност и раскош.

Препорачана температура на послужување: 16-18°С.
Комбинирајте со специјалитети од црвено месо, дивеч во пикантен сос, или јаки сирења.
Препорачуваме да се декантира пред послужување.

Алкохол: 16 % Vol.

Боја

Црвено

Сорта на Грозје

Вранец

Вино Брендови

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе оцените “CHATEAU KAMNIK VRANEC TERROIR 0.75L”