CHATEAU KAMNIK TEN BARRELS CABERNET SAUVIGNON RESERVA 0.75L

2,690 ден

  • Нето: 750 мл.
  • Алкохол: 15,5%

На залиха

Премиум црвено вино добиено од сортата Каберне Совињон. Виното е со изразена рубин црвена боја со темноцрвени нијанси. Вистинска резерва со препознатлив, зрел и раскошен мирис со овошно-зачински карактер. Потсетува на ситнозрнесто црвено овошје во комбинација со сладок корен, темно чоколадо, печено кафе и нане, надополнети со ванилинско-зачински тонови. Оваа комплексност се должи на 23-месечното созревање во нови барик-буриња од француски и американски даб. Вкусот е полн, хармоничен, со цврста структура, импресивни и нагласени танини и продолжен и пријатен послевкус кој на ова вино му дава посебен шарм.

Виното се послужува на температура од 16-18°С и одлично се комбинира со специјалитети од разни видови месо, особено со бифтек во сос од зелен бибер или дивеч во пикантен сос.

Вино Брендови
Боја

Црвено

Сорта на Грозје

Каберне Совињон

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе оцените “CHATEAU KAMNIK TEN BARRELS CABERNET SAUVIGNON RESERVA 0.75L”