JOSTELA WINERY ZILAVKA 0.75L

519 ден

ЖИЛАВКА:

Виното е се одликува со светло зеленкаста боја со многу висок сјај. Аромите се специфични за сортата. Преовладуваат овошните ароми, на зелено јаболко, праска и круша. На вкус е свежо, со многу добро избалансирани вкупни киселини, што е битно да виното биде питко и свежо. И на вкус се присутни аромите на јаболчесто овошје, но исто така збогатени со нежни ароми на праска.

Виното се пие добро разладено, како аперитив во топлите летни месеци. Исто така може да се комбинира со неферментирани сирења, летен пинџур и сл. Одлично може да се послужи со секаков вид на риба и морска храна.

Алкохол: 13,5%

На залиха

За винаријата:

Винарија Јостела е изградена 2005 година. Во целосна сопственост е на фамилија Гелебешев. Сместена е во Гевгелија, на крајниот југ на Македонија, на само 2 km од границата со Грција.

Локациски винаријата Јостела е сместена во Гевгелиско-Валандовското виногорје, во Повардарскиот вински регион. Лозовите насади во ова виногроје се на надморска височина од 64 m и се под влијание на средоземната клима.

Винаријата Јостела поседува сопствени лозови насади на површина од 0.35 ha. Во поглед на сортиментот, лозовите насади се со сортите Merlo и Cabernet frank. Подигнати се 2005 година, кога е изградена и винаријата.

Винаријата е со капацитет од 20.000 литри.

Сорта на Грозје

Жилавка

Вино Брендови
Боја

Бело

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе оцените “JOSTELA WINERY ZILAVKA 0.75L”