JOSTELA WINERY ROSE 0.75L

519 ден

РОЗЕ КАБЕРНЕ СОВИЊОН

Суво розе вино, добиено по технологија за бели вина од сортата Каберне совињон. Има жива розе боја, со кристална бистрина. Мирисот е овошен, со ароми на малина и јагода. На вкус виното е овошно, свежо и хармонично, со извесна слаткаста арома. Има одличен баланс на киселините и долго останува свежината и овошјето во уста. Заради богатиот овошен карактер може да се консумира како аперитив во топлите летни денови, а исто така и како десертно вино со овошни салати и сладолед.

Алкохол: 14,0%

На залиха

За винаријата:

Винарија Јостела е изградена 2005 година. Во целосна сопственост е на фамилија Гелебешев. Сместена е во Гевгелија, на крајниот југ на Македонија, на само 2 km од границата со Грција. Локациски винаријата Јостела е сместена во Гевгелиско-Валандовското виногорје, во Повардарскиот вински регион. Лозовите насади во ова виногроје се на надморска височина од 64 m и се под влијание на средоземната клима.

Винаријата Јостела поседува сопствени лозови насади на површина од 0.35 ha. Во поглед на сортиментот, лозовите насади се со сортите Merlo и Cabernet frank. Подигнати се 2005 година, кога е изградена и винаријата.

Винаријата е со капацитет од 20.000 литри.

Вино Брендови
Сорта на Грозје

Каберне Совињон

Боја

Розе

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе оцените “JOSTELA WINERY ROSE 0.75L”